05 октомври 2018

Награда на Европейския парламент за игумена на Бигорския манастир до Дебър




Гражданската награда на Европейския парламент за 2018 г. беше връчена на церемония в Народното събрание на игумена на Бигорския манастир в Македония – архимандрит Партений
05/10/2018
Гражданската награда на Европейския парламент за 2018 г. беше връчена на церемония в Народното събрание на игумена на Бигорския манастир в Македония – архимандрит Партений.

Често повтаряме, че най-важна е европейската перспектива на нашия район, а архимандрит Партений е доказателството, че тази кауза е възможна и реална, заяви председателят на Народното събрание Цвета Караянчева в приветствието си на церемонията.
Тя отбеляза, че той е известен с уважението си към всички хора, без разлика на тяхната религиозна, етническа и национална принадлежност.
С активната си, достойна за уважение и неуморна родолюбива дейност, той има значим принос за укрепването на европейския дух и ценности на хората в целия регион, допълни председателят на парламента.
Цвета Караянчева призова да има повече хора като него,  да се поучим от неговия пример, за да бъдем толерантни, родолюбиви и европейци.
Наградата на Архимандрит Партений връчи евродепутатът Андрей Ковачев, по чието предложение игуменът на Бигорския манастир беше номиниран за престижното отличие.  
Архимандрит Партений беше приветстван от народните представители в пленарната зала.

Сред гостите на събитието бяха депутати, представители на институции, неправителствени организации, общественици и журналисти.






  Цвета Караянчева - Председател на Народното събрание:
 "Ние често повтаряме, че най-важното за всички е европейската перспектива за нашия регион. Архимандрит Партнией е доказателство, че тази цел е възможна и реалистична. Той е известен с уважението си към всички хора, независимо от тяхната религиозна, етническа или национална принадлежност. С активната си, достойна за уважение и неуморна родолюбива дейност, той има значителен принос за укрепването на европейския дух и ценности на хората, не само в Македония, но и в целия регион. Да не забравяме, че да работиш за разбирателство между хората, за тяхното взаимно опознаване и приятелство е безценна мисия, която е гаранция за благополучието на хората в нашия регион. Аз искам да го поздравя и да призова: нека има повече хора като него, да се поучим от неговия пример, за да можем да бъдем толерантни, родолюбиви и европейци".

 От сайта на Бигорския манастир :

Архимандрит Партениј: Идеалите на Европа треба целосно да се сообразат со Христовото Евангелие


Видео:



По повод изборот за лауреат на престижната почесна награда на Парламентот на Европската Унија, „Граѓанин на Европа“, денес, неколку дена пред главната свеченост на ЕУ која ќе биде во Брисел на 10 октомври, на нашиот старец и игумен, Неговото Високопреподобие Архимандрит Партениј, му беше доделено почесно признание и од Народното Собрание на Република Бугарија. Во пријателската атмосфера на Бугарското собрание, во неговата пленарна сала, отец Партениј најнапред им беше претставен на пратениците од страна на г-ѓа Цвета Карајанчева, Претседател на Народното Собрание, а потоа свеченоста се префрли во церемонијалното фоаје на Парламентот.


Г-ѓа Карајанчева, во својот поздравен говор истакна:



 

 
„Ние често повторуваме, дека најважно за сите е европската перспектива за нашиот регион. Ние работиме за тоа.
Имено и Архимандрит Партениј е доказ дека таа кауза е возможна и реална. Тој е познат по својата почит за сите луѓе, без разлика на нивната религиозна, етничка и национална припадност.

Со својата активна, достојна за почит и неуморна родољубива дејност, тој има значаен придонес за укрепувањето на европскиот дух и вредности на луѓето, не само во Македонија, туку и во целиот регион.
Да не забораваме дека, да работиш за разбирање меѓу луѓето, за нивното взаемно запознавање и пријателство е бесценета мисија, која е гаранција за добробитта на луѓето во нашиот регион.

  Јас сакам да го поздравам и да повикам: нека има повеќе луѓе како него, да се поучиме од неговиот пример, за да можеме да бидеме толерантни, родољубиви и европјани.“


Во продолжение, европратеникот д-р Андреј Ковачев му го врачи на отец Партениј почесниот медал на Европскиот Парламент.


Накрај, со благодарствено слово кон присутните се обрати и лауреатот, Архимандрит Партениј:
 



Видео:


„Почитувана г-ѓа Цвета Карајанчева, претседател на Нарадното Собрание,
Почитуван г-дин Андреј Ковачев и сите негови содружници, коишто се заложивте за мојата номинација на оваа многу престижна награда,

Почитувани пријатели и присутни,

Најнапред би сакал срдечно да ви се заблагодарам за прекрасниот прием што ни го приредивте, во оваа топла и пријателска атмосфера на Бугарското народно собрание.

Говорејќи за високата награда ‘Европски граѓанин’, коja во секој случај е над моите заложби и заслуги, би сакал да ја истакнам мојата голема радост и благодарност, што укажаната чест доаѓа од највисокото законодавно тело на обединета Европа, истата онаа чиишто идеолошки основи почиваат на христијанските цености и принципи.

Затоа и верувам дека идеалите на Европа во иднина целосно ќе бидат сообразени со оние од Христовото Евангелие, каде што, всушност, е присутен совршениот образец за едно идеално општество. Впрочем, Христијанството е тоа што им дава целосна слобода, полнота, морален интегритет и еднаква важност не само на човековата личност, туку и на народите ширум светот. Оттука, за мене преставува особена чест што јас сум првиот православен монах и свештеник што се удостоил со оваа почесна награда на Европскиот Парламент.

Љубовта и почитта што ни ја доверивте нам, како на монашко братство во Република Македонија, ќе биде за нас дополнителен призив, но и должност, да се трудиме уште повеќе во ширењето на европскиот дух и цености, засновани на евангелиските принципи за еднаквост, рамноправност, мир и единство.

Во тој правец неотстапно ќе се движат и нашите напори за уште поголема прекугранична и транснационална соработка на Балканот, но и за задлабочување на вековното братољубие помеѓу братските народи на Македонија и Бугарија, имајќи го предвид и фактот дека нашите заеднички дејци дале огромен идеолошки придонес во она што ние денес го нарекуваме европска цивилизација.

Во тој контекст ние остануваме цврсто зад постигнатиот Договор за добрососедство, пријателство и соработка помеѓу Р. Македонија и Р. Бугарија, кој се чини е напишан со крвта на нашите предци и за радост на нивните души. Но за да би останало тоа така, неопходна е негова правилна имплементација, во духот на широкоградоста, љубовта, почитувањето на меѓусебните особености, а не тој да стане причина за непотребни раздори, соблазни и заладување во односите. Бидејќи сѐ што причинува отуѓување, негативен набој или омраза – тоа не е дело евангелско, а следствено ќе го нема и благословот на богољубивите ни предци.

На крај би сакал да упатам и една практична препорака до политичарите од двете страни. Имено, кога веќе зборуваме за задлабочување на соработката и културните и економски врски помеѓу нас, од исклучителна важност е нашите држави да работат и на подобрување на меѓусебните патни комуникации, зашто, доаѓајќи наваму, уште еднаш се потсетив колку лоша инфраструктура има помеѓу Македонија и Бугарија, со што, за жал, нашето зближување е реално отежнато.
Срдечно Ви благодарам уште еднаш!”

 А потоа додаде: 

„Уште еднаш ги замолувам сите наши браќа во Бугарија, кои имаат можност, да ѝ помогнат на нашата Република Македонија да се интегрира во заедничкото европско семејство.
Иако таму можеби сега тоа не се разбира доволно, сепак братот е оној кој бесконечно му проштева на братот кога греши.
Така е и евангелски: кога Христос бил запрашан колку пати треба да се прости на братот, Он одговорил ‘седумдесет пати по седум’, што значи дека сме должни на братот да му проштеваме бесконечно и кога греши, и кога сака на некаков друг начин да се определи.
Вистинската љубов е таква – проштева.“


Помеѓу многубројните гости, на наша голема радост присутни беа и амбасадорот на Р. Македонија во Р. Бугарија, г. Марјан Ѓорчев и пратеникот во Македонското Собрание, г. Горан Милевски.
По завршувањето на свеченоста, отец Партениј имаше средба со членови на Комисијата за вероисповедание и правата на човекот, со коишто разговараше за современата состојба на Христијанството во Македонија и Бугарија, како и неопходноста од меѓусебна помош и соработка.
Главната свеченост за доделување на наградата „Граѓанин на Европа“ ќе се одржи во Европскиот Парламент во Брисел, за неколку дена, на 9 и 10 октомври.

 
СВЪРЗАНИ ТЕМИ :
 

Вяра и общество с Горан Благоев

Игуменът на Бигорския манастир в Македония - европейски гражданин на годината




Бигорският манастир „Свети Йоан Предтеча“ :
Договорът за приятелство с България е естествена последица от историческите процеси.


Монасите от Бигорския Манастир Св. Йоан Предтеча до Дебър, намериха смелост да изпеят на български „Изгрей зора на свободата“ в църквата!





Историческа среща: Председателят на Народното Събрание Димитър Главчев посети Бигорския манастир








и тук :




Монаси расветлуваат свирепо убиство од времето на Балканските војни

22 ноември/5 декември 2016 лето Господово